Реформаторите до Јаковлески: Робовите на клиентелизмот како тебе може да ја уништат ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Откако денеска иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ до партијата доставија Декларацијата за демократизација и модернизација, Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, ги обвини дека тоа што го правеле било нечија нарачка и дека се водени од алчност. Еден од иницијаторите за реформи, Петар Богојески вели дека Јаковлески зборувајќи за нив, веројатно потсвестно ги опишал своите мотиви за дејствување во партијата.

-Сигурно бил дополнително мотивиран од паушалот од Телеком?!? Можам само да му порачам, Мане, реформите се со цел да го засилат и обноват капацитетот на ВМРО ДПМНЕ, но клиентелизмот, чиј роб си ти, и тоа како може да ја уништат нашата партија. Да не заборавиме, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на виделина! Штом не напаѓаат лица, кои „мудро“ ја избегнаа лустрацијата во РМ, значи ние сме на вистинскиот пат! Најбитно е да не се тргне фокусот на вниманието од Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО ДПМНЕ, чија веројатно намера е на овие ниски удари од лица со сомнителен морал, изјави Богојески за „Фокус“.

На прашањето зошто изминативе години не побарале измени на Статутот на паријата, Богојески вели дека Статутот генерира овластувања на тесен круг на лица кои промовирале политики, кои се целосно поразени во овој момент.

-Токму затоа сега се иницира тоа барање. Суштината на барањето за промена на Статутот стои во фактот што на партијата и се потребни суштински статутарни реформи, а не само кадровски освежувања. Таков опсег на реформи ќе ја возобноват силата на ВМРО ДПМНЕ, а секакви останати импровизации нема да донесат ништо суштинско. Ние се залагаме за изградба на нов вредносен систем, систем кој во иднина нема да дозволи стратешки грешки, одговара Богојески.

Катерина Смилева

Поврзани новости