Реформаторите: Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ активно ја помага нашата иницијатива

by fokus

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната иницијатива за демократизација на партијата има поддршка и од раководството и од членови на Извршниот комитет.

Еден од иницијаторите, Александар Михајлоски вели дека Декларацијата за модернизација и демократизација на ВМРО ДПМНЕ ја доставиле на одобрување до Централниот комитет, бидејќи мнозинството членови се согласни со итни реформи во партијата.

-Многу од нив доаѓаат како претставници од Општинските комитети и точно знаат дека две третини од членовите на ВМРО ДПМНЕ подржуваат суштински реформи во партијата. Исто така, дел од раководството, особено неколку членови на ИК, активно ја помагаат иницијативата, во насока истата да остане внатрешна и во никој случај да не дозволиме било какви поделби во иднина. На терен сме присутни во скоро сите општини и морам да споделам изненадување од капацитетот и интегритетот на луѓето кои ја подржуваат иницијативата. Точно знаат колку е нужна суштинската реформа и точно знаат зошто дејствуваме затворено и во одвоени групи. Секогаш нагласуваме дека не смее да се создаваат паралелни тела на ОК и МК, туку тимови во форма на штабови кои ќе дејствуваат во рамки на постоечките партиски органи, вели Михајлоски.

К.С.

Поврзани новости