1.1K
Илија Илиоски од Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека воопшто не размислуваат да делуваат надвор од партијата, ниту пак да создаваат фракции и паралелни листи за градоначалници и советници за локалните избори. Илиоски рече дека секој нивни чекор ќе биде во рамки на партијата и покрај тоа што имаат различни ставови и размислувања со останатиот дел од членството и со раководството.
Тој тврди дека според нивните анализи 50 отсто од членството смета дека треба да има реформи во партијата.
Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите членови и симпатизери на партијата да ја поддржат Декларацијата за реформи и демократизација.