Редуциран градски превоз во Скопје, дел од приватните автобуси ќе возат само една линија

by Fokus

Дел од приватните превозници од денеска ќе возат со по еден автобус на секоја линија, откако дел од приватните превозници одлучија да сообраќаат само наутро, од пет часот.

Според најавата, еден автобус ќе вози само една тура, на една линија, а тоа се автобусите со број 45, 23, 63, 73, 61, 63, 22, 52, 54, 19 и 20. По тоа автобусите ќе бидат вратени во гаража, додека возачите ќе им се приклучат на колегите кои нема да возат.

Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ пак ќе возат без никаков застој.

– Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.

Поврзани новости