Редици за гориво и во Бугарија, за Петков ова е дел од хибриден напад

by Fokus

Паниката што настана вчера поради бензинот е дел од хибриден напад, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков кој исто така се обиде да ги смири граѓаните кои ги преплавија бензинските пумпи во обид што повеќе гориво да наточат во случај да го снема.

-Вчера беше истоварена еден танкер, а денеска се чекаат уште два танкери. Во моментов некој лаже и паничи и се обидува да заработи. Имаме премногу гориво во моментов, танкерите чекаат да се истоварат. Повиците да се ослободи гориво од Државните резерви се полни со шпекулации“, додаде тој.

На бензинските пумпи во Бугарија деновиве се направија редици поради загриженоста на граѓаните за поскапувањето и околу проблеми со снабдувањето.

-Има неколку типови на луѓе намерно паничат – оние кои профитираат од редиците пред бензинските пумпи и оние кои тоа го користат за политички цели и се обидуваат да ја разнишаат власта бидејќи знаат дека времето им истекува, рече Петков.

Паника дека ќе снема гориво и дека енормно ќе поскапи поради воената агресија на Русија во Украина се прошири секаде низ Балканот, по што македонскиот премиер Димитар Ковачевски регираше и ги смируваше македонските граѓани дека нема криза во снабдувањето со нафта и деривати, а исто така реагираше и српскиот претседател Александар Вучиќ кој апелираше до српските граѓани да не наседуваат на провокации зошто во земјата има доволно храна и гориво.

Поврзани новости