734
Пратеникот од редовите на БЕСА, Кастриот Реџепи денеска се пријавил во полициска станица дека никогаш не бил исчезнат, туку со своето семејство заминал кај пријател.
„Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, велат од МВР.