Реџепи: Ставовите на Пендаровски не се разликуваат од оние на Владата

by fokus

Пратениците на Алијансата на Албанците и Алтернатива сметаат дека денешното годишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски не се разликува од ставовите на Владата и на партиите кои се во мнозинство.

Координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи изјави дека првиот апсект за тоа се однесува на изборниот процес.

-Претседателот ги оквалификува како демократски, меѓутоа, ние ја знаеме вистината дека посебно кај албанските општини ние како коалиција го кренавме гласот дека изборниот процес е манипулиран целосно, рече Реџепи.

Вториот аспект, според пратеникот на Алтернатива, е начинот на справувањето со пандемијата.

-Претседателот го карактеризира како добар, како начин на којшто на соодветен начин е интервенирано, меѓутоа, ние уште тогаш, уште од почеток баравме да има посебна Комисија, промена на Комисијата за заразни болести и поставување на комисија во која што ќе дојдат до израз експерти со кои навистина би можело да се најде излезот од истата пандемија, особено од фактот дека ние сме првенци во Европа по бројот на смртност, рече Реџепи.

И третиот апсект, според него, се лидерските средби.

– Лидерските средби кои ние ги баравме како коалиција не беа од друг карактер, освен справувањето со современите или сегашните проблеми на власта или на државата посебно во сферата на економијата и социјалните проблеми, рече Реџепи.

Поврзани новости