Реџепи: Си реков „Кастриот, некој мора да пресече за иднината“

by Fokus

Кастриот Реџепи даде појаснување зошто не се појавил минатиот четврток за гласање на недоверба на Владата на Македонија.

Тој додаде дека на земјата сега и е најважно смирување, а не нови поделби кои дополнително ќе ја продлабочат политичката криза.

„Мирен сум и со чиста совест и нема ништо подобро од тоа земјата да ја носиш кон демократијата. Самоволно се засолнив на денот на гласањето со цел да не дозволам земјата да ни отиде во спротивен правец од моите убедувања. Си реков „Кастриот, некој мора да биде кој ќе пресече во корист на иднината“. За земјата е најважно смирување, стабилизација и почеток на преговорите со ЕУ. Не се потребни нови поделби.

Поврзани новости