Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 упати сериозни критики кон неговата партија и кон Владата.
Критики беа упатени и кон лидерот на партијата Африм Гаши, но и генерално кон работата на Владата.
-Не сме задоволни од работата на Владата. Не сум задоволен од тоа што ветивме пред да влеземе во оваа коалиција. Ветивме напредок на преговорите со ЕУ – ништо, ветивме конкретни проекти за граѓаните – нема ништо од тоа. Не сум задоволен, вели Реџепи.
Тој посочи дека се прашува зошто влегле во Владата и дека ако вака продолжат ќе завршат како ДПА и ПДП.
-На овој начин нашата партија Алтернатива ќе заврши исто како ДПА и ПДП. Треба да има одговорност. Ако продолжи вака Алтернатива, подобро да ја напушти владината коалиција. Понатаму, тоа што беше договорено со коалицискиот партнер СДСМ, не е исполнето. Многу кадровски решенија не се реализирани, а беа ветени, додаде Реџепи.