Реџепи: Прашајте го Џафери како тој стана спикер во 2017 година?

by fokus

Спикерот Талат Џафери давал политички, а не правен одговор согласно деловникот. Прашајте го него како тој стана спикер во 2017 година. Ова е коментарот на пратеникот Скендер Реџепи на прашањето на „Фокус“ дали ќе прифати четврток да гласа недоверба по првата иницијатива на којашто е потпишана „Левица“, со оглед на тоа што претседателот на Собранието, Талат Џафери дека нова иницијатива не може да се поднесе наредните месеци.

Џафери изјави дека опозицијата не може да поднесе нова иницијатива за гласање на недоверба на Владата, кога веќе има поднесено една.

Според Џафери, во наредните 90 дена не може да има повторно гласање, затоа што веќе е поднесена иницијатива со 61 потпис од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Беса. Седницата за гласање на доверба на Влада е веќе закажана за в четврток во 11 часот.

К.Б.С.

Поврзани новости