Во МВР досега нема пристигнато пријава за пратеникот Кастриот Реџепи, односно тој не е пријавен за исчезнат, брифираат за „Фокус“ од МВР.
Тој денеска не се појави на седницата за гласање недоверба на Владата, со што опозицијата нема мнозинство, а ниту кворум за седницата да се одржи.
Претседателот на Беса, Билал Касами, рече дека тој има право да се сомнева дека Реџепи против своја волја е држен негде да не дојде во Собранието. Претходно, и Димитар Апасиев обвини дека еден пратеник е киднапиран.
Според сознанијата на „Фокус“, ниту соработниците, ниту роднините и пријателите досега не успеале да го контактираат Реџепи. „Фокус“ се обиде да го контактира пратеникот преку Фејсбук страницата од каде го објави статусот, но досега нема одговор.
К.С.Б.