Независниот пратеник, Скендер Реџепи, ја коментира идејата на неговата поранешна матична партија Алтернатива, за формирање на заедница на албански општини. Според Реџепи ова не е идеа на раководството, туку на една личност, и како таква, вели Реџепи, нема поддршка од никого. Сојузот на албански општини го предложи претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, непосредно откако излезе од владината коалиција.
-Убеден сум дека таа идеја нема да има подршка во ниту една политичка партија и истата наиде на голема неприфаќање кај Албанците на РСМ. Таквата идеја Албанците во делот на политичките права ги враќа во 90’те години и како таква е неприфатлива, бидејќи Албанците од уставотворен народ ги враќа во малцинство – вели Реџепи.
Тој посочува дека има раздор во партијата.
-Таквата идеја не е на статутарните тела на партијата, туку идеја на една личност (кој идејата ја наметна како партиска), да после реагирањето на голем дел од раководството на партијата, тој изјави дека идејата е негова лична, но со дозвола на претседателот, што секако ја потврдува мојата изјава дека тие двајца се кланот на Алтернатива и одлучуваат самоволно и во спротивност на политичките и програмските определби на партијата – вели Рецепи.