Речиси половина од гласовите се за Вучиќ

by fokus

Откако вчера Србија гласаше на парламентарни избори, според првичните резултати, победата ја извојува Српската напредна странка со коалиционите партнери, јавија белградски медиуми.

Првите резултати на Ипсос и Цесид покажаа дека СНС освоила 46,6 отсто од гласовите, додека коалицијата Србија против насилството освоила 23,1 отсто.

Социјалистите освоија 6,9 отсто од гласовите, додека коалицијата НАДА 4,8 отсто.

Изненадувањето го претставува изборната листа чиј носител е д-р Бранимир Несторовиќ, кој доби 4,8 отсто од гласовите.

Изборната победа претходно беше објавена во седиштето на СНС.

Ана Брнабиќ, премиерка на Србија и повереник на одборот на белградската СНС, во обраќањето нагласи дека нејзината листа има 47,1 отсто од гласовите, а Србија против насилството 23 отсто.

Поврзани новости