Речиси 750 пиротехнички средства биле пронајдени во автомобилот на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Од МВР велат дека синоќа на улицата Самуилова во Скопје било запрено патничко моторно возило од марката „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички. Автомобилот го управувал 25 годишниот Дрин Ахмети од кичевското село Зајас, и при преглед на возилото биле пронајдени 749 пиротехнички средства.
Дрин Ахмети во септември стана косопственик на трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје, што предизвика низа реакции во јавноста. Ахмети, стана управител на бизнис центарот во градскиот трговски центар, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно добиле сопственички удел во овој деловен комплекс. Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа инвест“, заедно со еден државјанин на Бугарија.