Речиси 62.000 луѓе починаа од рекордни горештини во Европа минатото лето

by Fokus

Вкупно 61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година.

Ова е објавено во студијата објавена во списанието Nature Medicine.

Италија е најтешко погодена со околу 18.000 смртни случаи, потоа следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000.

Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите.

Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен.

Поврзани новости