476
Германија регистрира уште 48.640 заразени со коронавирус, објави Институтот за заразни болести „Роберт Кох“.
Во извештајот се наведува дека уште 191 лице починало како последица на ковид 19.
Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција во Германија сега е 4.942 890, а починале 97 389 лица.
Околу две третини од 83 милиони Германци се вакцинирани, а околу 16,2 милиони луѓе сè уште не примиле ниту една доза.