558
Светската здравствена организација (СЗО) информираше дека во глобалните програми за вакцинирање против ковид-19 не се вклучени околу 46 милиони бегалци, вклучително и баратели на азил, мигранти и раселени лица.
За да биде сликата појасна, СЗО направи споредба дека тоа би било како цела Шпанија да не може да се имунизира.
-На бегалците не им е овозможено да се вакцинираат во Индија, Нигерија и Индонезија и до неодамна во Пакистан, каде што се прилагодуваат плановите за вакцинација да вклучуваат бегалци за имунизација, информира СЗО.
Како дел од програмата ковакс на СЗО, во март беше донесена одлука да се обезбедат резервни дози на вакцини за најранливите заедници и луѓето кои немаат пристап до процесот на имунизација.