Речиси 400 луѓе починаа од топлотниот бран во Холандија

by fokus

Речиси 400 луѓе ги загубија животите во Холандија за време на неодамнешниот рекорден топлотен бран што ја зафати Европа на крајот на јули, објави денеска холандската Национална агенција за статистика ЦБС.

Вкупно 2.964 луѓе починале од топлотниот бран во Европа почнувајќи од неделата, 22 јули, што е за околу 15 проценти повеќе од неделниот просек во текот на летото.

Температурните рекорди започнаа да се бележат низ цела Европа на крајот на јули – над 40 степени, а во Холандија, ова започна на 25 јули.

Бројот на смртни случаи во Холандија во текот на таа недела е споредлив со стапката за време на двата топлотни бранови во 2006 година, кои беа меѓу најдолгите регистрирани досега во таа земја, според ЦБС.

Околу 300 починати лица се постари лица, над 80 години, а повеќето смртни случаи се случиле на истокот на Холандија каде температурите се повисоки, а топлотниот бран трае подолго отколку во другите делови на земјата.

Поврзани новости