Речиси 300 вработени во фабрика за сендвичи во Лондон позитивни на корона вирус

by Fokus

Околу 300 вработени во фабрика која ги прави сендвичите на познатиот трговски ланец „Маркс енд Спенсер“, се позитивни на корона вирус, пренесува Скај Њуз.

Фабриката Гринкор од Нортемптон, во која се вработени околу 2.100 луѓе, соопшти дека еден дел од персоналот е во самоизолација.

Од фабриката наведуваат дека 79 работници се позитивни на Ковид-19, пред компанијата да одлучи да воведе приватна програма за тестирање.

Тогаш се откриени уште 213 случаи, со што вкупниот број порасна на 292.

Поврзани новости