583
Околу 300.000 дози од вакцината „Фајзер“ до крајот на февруари ќе завршат како медицински отпад на депонијата Дрисла затоа што им истекува рокот на важност.
Од Министерството за здравство велат дека на крајот од месецот ќе започне постапка за нивно уништување, но смируваат дека има залихи од вакцината и дополнително во наредниот период треба да пристигнат нови дози.
Идната недела се очекуваат 250.000 дози донација од Италија, а 500.000 од мај до декември ќе се доставуваат преку директен договор на Владата со производителот.
Опфатот на вакцинирани лица во Македонија со две дози е 41 отсто. 128 илјади лица примиле трета доза од вакцината.