440
За безбедноста на учениците во 1.844 основни и средни училишта во Србија се грижат 3.448 полицајци, соопшти денеска српското Министерството за внатрешни работи.
Присуството на полицијата беше зголемено по трагичниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, кога тринаесетгодишник уби осум ученици и чувар, а повреди уште седум лица.
Српското МВР на својата Фејсбук страница објави дека за време на наставата било обезбедено постојано присуство на училишен полицаец.
„За безбедноста во 1.844 училишта во Србија се грижат 3.448 полициски службеници, од кои 3.157 се полицајци од општа надлежност, 226 се сообраќајни полицајци и членови на други организациски единици на МУП“ – се наведува во нивното соопштение.