385
Речиси 20 судии поднеле приговор против распоредот на в.д. претседателот на Кривичен, Стојанче Рибарев, велат дел од незадоволните за телевизија Телма.
Од Врховен најавија дека откако ќе истече рокот ќе кажат официјално дали и колку приговори се пристигнати и кога ке ги разгледуваат.
Поранешниот прв човек на скопска Апелација, Јордан Митриновски, вели дека претседателот на судот не треба без нивна согласност судиите да ги префрла од оддел во оддел особено да не девалвира искусни судии.
Незадоволните судии велат дека со распоредот е направен бедем околку случаите на СЈО, за да не не можат во допир со овие предмети да дојдат судии кои претходно претходно одговарле позитивно на некои од барањата за притвори и претреси на СЈО.