602
Во последните 24 часа во Србија се потврдени 15.623 нови случаи на ковид-19, а починаа 59 лица.
Направени биле 34.132 тестови, што е процент на заразеност од речиси 50%.
Бројот на хоспитализирани надмина 4000 во целата земја. На респиратор се приклучени 150 пациенти.
Српските лекари предупредуваат граѓаните да се држат до мерките, притоа осудувајќи ја неумешноста на изјавите дека омикрон е послаба мутација на коронавирусот – што придонесе луѓето да бидат помалку одговорни и да не се плашат од последиците на вирусот.