732
Во Италија денеска се потврдени 99.848 нови случаи на зараза со коронавирус, што е значително повеќе од вчерашниот биланс од 27.214 новозаразени, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Во последните 24 часа починале 205 пациенти од Ковид-19, што е за 78 смртни случаи повеќе од претходниот ден.
Изминатиот ден беа направени околу 610.600 тестови на Ковид-19, значително повеќе од 174.098 тестирани претходниот ден, се вели во извештајот на италијанското Министерство за здравство.
Од почетокот на пандемијата во Италија регистрирани се вкупно 162.098 смртни случаи меѓу пациентите со Ковид-19, што ја рангира земјата на второто место по бројот на смртни случа во Европа, веднаш зад Обединетото Кралство и осмо во светот.