Речиси 10.000 новозаразени и 27 починати во Хрватска

by Fokus

Хрватска денеска повторно постави нов црн рекорд по бројот на новозаразени со коронавирус со речиси 10.000 позитивни, што е највисок број од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа се регистрирани 9.894 нови случаи на инфекција со вирусот, со што бројот на активни инфекции се искачи на 53.051, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Од нив, 1.822 пациенти се во болница, од кои 220 се на респиратори.

Тестирани биле 21.301 лице, што значи дека скоро секој втор тестиран бил позитивен.

Учеството на позитивните во бројот на тестирани е 46,5 отсто.

Пријавени се 27 смртни случаи.

Во Загреб има најмногу новозаразени, дури 2.429 луѓе.

Поврзани новости