Речиси 1.000 украински деца одат во хрватските училишта и градинки

by fokus

Речиси илјада украински деца, кои поради војната беа принудени да ја напуштат својата земја, се вклучени во хрватските основни и средни училишта и во градинките.

Од вкупно 983 украински кои пристигнаа во Хрватска, најмногу се основци – 838, во средните училишта се запишани 64, а во градинките има 80 деца.

Повеќето основци се запишале во училиштата во Загреб, 116 деца во 42 училишта, додека во Сплитско-далматинската жупанија има 91 дете во 30 училишта.

Моментално најголем проблем им е јазикот, но, како што посочуваат директорите на неколку училишта, брзо го совладуваат, а за подобро да се интегрираат во новата средина се вклучени во голем број воннаставни активности.

Поврзани новости