Rebecca одбележа 4 години во Македонија со промоција на 4 нови колекции накит

by fokus

Низ поинакво модно дружење, во друштво на истакнати имиња од модната индустрија, но и бројни претставнички и претставници на бизнис-секторот, Rebecca Macedonia пригодно одбележа 4 години постоење на македонскиот пазар, преку презентација на 4 нови колекции накит од богатото производно портфолио на италијанскиот бренд. Stockholm Oceana, Tulip Luxury, Brame, и Jolie Fashion се стилски приказни на одржлива мода, луксуз и безвременски гламур.

Новите парчиња на Rebecca накитот, кои наскоро ќе бидат достапни во продажните салони на брендот во Рамстор и Ист Гејт, за целите на промоцијата беа искомбинирани со моќните креации на истакнатите македонски дизајнери: Јована Филиповиќ, Тамара Стерјова, Тања Кокев, Игор Марков и ZERO Brand. Совршените креации на нашите дизајнери беа комплетирани со беспрекорен мејкап и фризури од страна на познатиот артист за коса и шминка, Даниел Николовски.

Ова автентично модно шоу, беше збогатено и со присуството на претставници на компанијата „Индустри Тести“ со седиште во Фиренца, Италија – производител на брендот за накит, Rebecca.
Rebecca накитот на македонскиот пазар е присутен од 2018 година.

ИНФОРМАЦИИ ЗА НОВИТЕ КОЛЕКЦИИ
Brame – Колекција наменета за вистинските вљубенички во природата, кои се доволно авангардни за храбра помпа!
Средновековeн римски раскош преточен во впечатливи парчиња накит инспирирани од времето на италијанскиот триумф на уметноста, барокот. Во согласност со провокативното безредие на новото време, скапоцените камења ја предаваат палката на новиот рециклиран полимер, кој никогаш претходно не се употребувал во индустријата за моден накит. Имено, пластиката која секојдневно се собира од морињата и океаните, преку иновативен процес на рециклирање се претвора во колоритна смеса чија боја зависи од селекцијата на материјали (се бираат по случајност) и динамиката на изработка. Еднаш добиениот колорит на полимерот можно е да не се повтори. Ваков полимер Rebecca за прв пат го користи во индустријата за моден накит.

BRAME Колекцијата е достапна само во ексклузивните салони на накитот REBECCA!

Stockholm Oceana – моќен и впечатлив накит за нагласена експресија на стилот

Бронза и 24-каратна позлата со кристали и одржлив полимер е можеби вистинската ДНК на брендот Ребека: Моќен, одржлив а сепак впечатлив.
Stockholm Oceana Колекцијата е наменета за дами кои се своевидни стилски икони, со уникатен вкус во модата, нагласена самодоверба, индивидуалност и посебна експресија на стилот!

Tulip Luxury – суптилна емоција врамена во ведри парчиња накит

Лалињата, како симбол на будењето на природата пренесуваат позитивна енергија и најубави вибрации. Tulip Luxury e изработена од разиграни фини синџири од бронза со додаден колорит кој може да го прилагодите на расположението: светкави елементи кои даваат доза на гламур и луксуз и
парчиња со природни камења од жад во нови есенски нијанси.

Jolie Fashion – композиција на висока мода и безвременска класика

Колекцијата Jolie е проект кој отвора ново поглавје во историјата на брендот Rebecca. Jolie означува грацилност, софистициранот и безвременскa убавина. Колекцијата е специјално дизајнирана за дами кои сакаат парче ексклузивен накит, минималистички, ненаметлив, скапоцен но сепак достапен. Парчињата од оваа колекција се изработени од чисто сребро и дијамантски прав достапен во неколку бои.

ПР текст

Поврзани новости