Собранието на Србија денеска го усвои ребалансот на државниот буџет според кој вкупните приходи се зголемени за 1,6 милијарди евра, а расходите уште повеќе – за околу 2,3 милијарди евра. Опозицијата тврди дека е инфлаторен, а експерти сметаат дека е последица на трошоците јавните претпријатија.
Српската Влада одлучи да предложи ребаланс затоа што „приходите се подобри од планираните”, а причините за ребаланс на државната каса се енергетската криза, поскапувањето на струјата и гасот, планираната државна помош за младите и девет проценти зголемување за пензииите и поддршка за социјално загрозените.
Од 89 предложени амандмани, ниту еден не беше усвоен бидејќи претходно беа отфрлени од соодветната собраниска комисија, а за ребалансот гласаа 144 од 196 присутни, а против 52 пратеника.
На тврдењата на Владата дека ребалансот е последица на зголемените јавни приходи, опозицијата возврати со тврдење дека тоа е последица на инфлацијата
Речиси четиридневната расправа беше проследена со бројни инциденти и меѓусебни обвинувања, додека најмалку се разговараше за државните трошоци.
Фискалниот совет, независен државен орган надлежен пред Националното собрание, претходно предупреди дека приходите во буџетот се зголемени за дури 193 милијарди динари или 1,6 милијарди евра, а расходите се уште поголеми – 272 милијарди динари или 2,3 милијарди евра. Тој орган оцени дека годинава буџетскиот трошок е зголемен поради загубите на јавните претпријатија од енергетскиот сектор, вклучително и државните гаранции од околу 1,5 милијарди евра, а до крајот на годината може да биде уште поголем.
Речиси четиридневната собраниска расправа за буџетот ја одбележаа бројни инциденти – меѓусебни навреди меѓу владејачката партија и опозицијата, инциденти често на работ на физичка пресметка, пристрасност на претседателот на Собранието Владимир Олиќ (СНС), сексистички изјави и мизогински испади, но и повикот на претставник на владејачките „прогресивци” до српскиот претседател Александар Вучиќ добие доживотен мандат.
„Безброј мои пријатели и далечни роднини ми испратија порака дека се исклучително задоволни од претседателот… Ме прашаа како да му го продолжиме мандатот на нашиот претседател да владее доживотно”, рече претставничката на прогресивците на Вучиќ, Драгиња Влк, политиколог од Белград, член на парламентарните комисии за надворешни работи и за европска интеграција.
Опозицијата реагираше со смеа.
За нејзиното размислување не се разговарало бидејќи беше изговорено како идеја, а не како формализиран предлог до Парламентот.
Собраниската расправа за буџетот ја одбележаа обвинувањата против владејачките претставници за поврзаност со организиран криминал и сексистичкото однесување на претставниците на СНС Сандра Божиќ и Далибор Шќекиќ.
Инцидентите во Собранието ги осудија бројни невладини организации и здруженија на жени.