Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека државниот Буџет бил оштетен за повеќе од 32 милијарди денари или за повеќе од 500 милиони евра и му порача на Основото јавно обвинителство да реагира.
Како што рече Димитриеска Кочоска на прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот има многу доспеани обврски кои не се пријавувани.
– Ќе тргнам од макроекономските проекци и растпт на БДП за 2,1 процент, односно негово ревидирање надолу од планираните 3,4 проценти.
Инфлацијата е предвидена на ниво од 3,5% додека растот на нето платата е предвиден за 13%. Во првиот квартал сме имале реален раст од 1,2 отсто, пад имало кај градежниот сектор и во индустријата, како и кај земјоделски0от сектор кој паднал двојно повеќе.
При подготовка на ребалансот се тргна од неколку ставки, колку средства може да се распределат од ставки со слаба реализација. Врз основа на оваа прераспределба обезбедивме 20 милијарди денари или околу 325 милиони евра. Дополнително уште 11 милијарди денари се планирани за доспеани обврски кои биле законски, а не биле планирани. Тоа резултира дефицитот да се зголеми за 11,15 милијарди денари.
Вкупните приходи се планирани на ниво од 318 милијарди денари и бележат зголемување за 8 милијарди и 22 милиони денари, односно за 133 милиони евра.
Расходите се планирани во износ од 362,816.000.000 денари и тука имаме зголемување на расходна страна од 19,2 милијарда денари или над 300 милиони евра.
Со ребалансот се обезбедени 4,1 милијарда денари за плати, од кои 1,1 милијарда денари за блок дотации кои не биле планирани во основниот буџет. Во дел од институциите имаше плати само за до јуни месец.
Пет милијарди денари за исплата на пензиите. Морам да напоменам дека средствата за 2024 година би биле доволни доколку декемвриската пензија не била реално исплатена во јануари. Нереално е прикажан на овој начин помал буџетски дефицит и затоа тој сега бележи раст.
Обезбедени се 5,1 милијарда денари за отплата на кредитите кон странство во име на државни и јавни претпријатија. ЈПДП, Железници, ЈСП, ЕСМ не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции.
Последиците од крајното расипничко работење повторно паѓа на терет на граѓаните. 600 милиони денари обезбедивме за исплата по судски решенија – образложи министерката за финансии, Гордана Дмитровска Кочовска.
Орце Костов