Реал триумфално во Неапол, Галатасарај го шокираше Јунајтед сред Манчестер

by Fokus

Вечерта во Лигата на шампионите ја одбележа победата на Реал Мадрид во Неапол (3:2) благодарение на „бомбата“ на Феде Валверде во 78. минута, која на крајот ќе се брои како автогол на Мерет – како одбиена топка од грбот по ударот во пречката заврши во мрежата.

Претходно, Наполи водеше од 19. минута со голот на Остегар, израмни Винисиус во 27., а Белингем во 34. минута направи тотален пресврт, но Италијанците накратко се вратија со голот на Зиелински од пенал во 54. Не беше доволно за бод…

Со ист резултат заврши и натпреварот на „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Галатасарај, па избраниците на Ерик тен Хаг доживеаја нов пораз (2:3).

Нововлезениот Хејлунд погоди двапати за домашната екипа, а од друга страна, Заха, Актуркоглу и Икарди ја казнија глупоста на одбраната на Јунајтед, кој повторно мечот го заврши со десетмина поради црвениот картон на Касемиро.

На останатите вечерашни натпревари Баерн Минхен со пресврт славеше на гости против Копенхаген со 1-2. Лерагер донесе предност за Данците, но Мусиала израмни, а Матис Тел беше џокерот на баварскиот клуб за триумф.

Интер ја победи Бенфика со 1-0, со голот на Маркус Турам во 62. минута.

Арсенал е поразен на гости во Франција од Ленс со 2-1. Габриел Жесус го отвори резултатот, но Томасон и Вахи донесоа триумф за Ленс.

ПСВ Ајндховен и Севилја ремизираа 2-2.

Претходно, Брага во Берлин со пресврт славеше со 3-2 против тимот на Унион, а Реал Сосиедад како гостин со 2-0 триумфираше кај Салцбург.

Поврзани новости