По 15-ти пат Реал Мадрид е владетел на европскиот фудбал откако предмалку на „Вембли“ беше подобар од Борусија Дортмунд со 0-2 (0-0).
Натпреварот понуди многу возбудувања, „жолто-црните“ од Дортмунд одиграа храбро, имаа бројни шанси, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Куртоа.
Уште од стартот на натпреварот Борусија играше поофанзивно. „Кралевите“ се решија за цврста дефанзива и шанса да се чека од контранапади.
Првата голема шанса за „милионерите“ ја прокоцка Карим Адејеми, кој наместо да шутира тргна да го дрибла Куртоа.
Закана во првиот дел бепе Никлас Филкруг кој со шут од шеснаесетникот ја погоди подалечната статива.
Борусија продолжи да се заканува преку Адејеми и Сабицер, ама Реал го издржа налетот и на полувреме се замина без погодоци – 0:0
Во второто полувреме Борусија не беше толку моќна како во првиот дел. Иако Реал не беше доминантен, беше значително поопасен отколку во првото полувреме.
Тоа резултира со шанса по центаршут на Винициус, а Белингем беше неколку сентиметри пократок и не успеа да погоди.
Резултатот беше отворен во 74. минута. Крос нафрли на првата статива, а Дани Карвахал со глава испрати дијагонала преку одбраната и голманот за водство од 0-1.
Борусија беше во „нокдаун“, па по една загубена топка Белингем го проигра Винициус Жуниор, и Бразилецот откосо го матираше Кобел за 0-2 во 83. минута.
До крајот на натпреварот Борусија Дортмунд успеа да даде гол преку Никлас Филкруг, меѓутоа беше поништен поради офсајд.
Борусија Дортмунд вторпат загуби финале на „Вембли“, а Реал Мадрид го прослави својот петнаесетти трофеј.