518
Раководството на Реал Мадрид реагираше на информацијата на германскиот весник „Шпигел“ дека капитенот на „кралскиот“ клуб, Серхио Рамос бил фатен со допинг по финалето на Лигата на Шампионите во Кардиф во 2017 година.
Од Реал категорично ја демантираат информацјата на весникот „Шпигел“, кој, пак, се повикува на податоци на „Фудбал ликс“
Еве што пишуваат од „Сантијаго Бернабеу“:
Во врска со информациите од „Шпигел“ за нашиот капитен Серхио Рамос, клубот го изјавува следново:
1. Серхио Рамос никогаш не ги прекршил прописите за контрола на допинг.
2. УЕФА побара навремени и точни информации и веднаш заврши случајот, како што и обично се прави во такви моменти, по проверка извршена од самите експерти на Светската антидопинг агенција и на самата УЕФА.
3. Во однос на остатокот од гореспомената публикација, клубот нема да се произнесе пред појавата на докази за нивната вистинитост“.
Инаку, во финалето во Кардиф, Реал го победи Јувентус и така ја освои по 12-ти пат во историјата Лигата на Шампионите.