Реакцијата на Орбан за влезот на Украина во НАТО: Што?!

by Fokus

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со изненадување реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг дека на Украина и е местото во Алијансата.

Тој напиша еден единствен збор на социјалната мрежа Твитер: „Што?

За време на посетата на Киев, Столтенберг на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина го заслужила своето место во евроатлантското семејство со тоа што го поканил да присуствува на самитот на Алијансата, што ќе се одржи во јули во Вилнус.

Сепак, Унгарија, која исто така е членка на Алијансата, постојано објавува дека е против идејата Украина да стане дел од тој воен блок.

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, неодамна изјави дека Будимпешта нема да поддржи ниту еден чекор на Украина поблиску до НАТО и самата ЕУ, додека Киев не ги врати целосно малцинските права на Унгарците од Закарпат.

Поврзани новости