Реакција од затворот „Скопје“: Филип Андов раководи со институција затвор, а не со логор

by Fokus

„Казнено-поправната установа „Скопје“ реагира на изнесените лаги и невистини, како и манипулации од страна на одредени политички партии во изминатиот период, а по повод, како што велат, бегства на затвореници“ соопштуваат од затвор „Скопје“.

„Најпрво укажуваме дека директорот Филип Андов, раководи со институција – затвор, а не со логор. Тоа би значело дека сите права кои им следуваат на затворениците мора и им се овозможени, согласно законите и правилниците на затворот, а донесени од законодавецот (Собранието) односно Министерството за правда.

Оттука, директорот и Управата единствено можат да ги почитуваат и постапуваат по тие одредби и правила. Затворот „Скопје“ е институција од која треба и извира ресоцијализација на затворениците. Тоа подразбира, почитување на нивните права кои им следуваат, а за сметка на тоа – тие да го подобрат/променат нивното однесување. Од друга страна, затворот е од полу-отворен односно отворен тип.

Тоа значи – ниту еден затвореник не е ставен во четири ѕида, туку може слободно да се движи и да обавува работни обврски. Сите осуденици кои судот ги упатил на издржување затворска казна во затворот „Скопје“ не се како што велат одредени политички партии „тешки криминалци“ туку затвореници кои се осудени до три години затвор“ се вели во соопштението од затворот.

Поврзани новости