Реакција од Кривичен суд: Притворот за Миле Јанакиески е оправдан, критикувана е должината на жалбената постапка!

by Fokus

Во однос на коментарите за одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур на апликантот Миле Јанакиевски против РСМ и наводите дека „притворот бил неосновано определен“ од Кривичен суд апелираат за прецизно и дословно известување за вакви сензитивни теми.

Според пресудата, како што се вели во соопштението од Кривичен, „притворот за Миле Јанакиески е оправдан, а критикувана е должината на жалбената постапка“.

„Пресудата на ЕСЧП е веќе достапна на нивната веб страница и потребно е точно и внимателно да се прочита нејзината содржина пред да се навлезе во неосновани критики и погрешни заклучоци, со кои се информира јавноста. Во ниту еден дел не ја оспорува основаноста на определените мерки притвор и куќен притвор во прв степн, напротив ЕСЧП констатирал дека притворот бил оправдан, НО утврдува пропусти во лишувањето од слобода на обвинетиот, како и „брзината“ на жалбената постапка во повисок степен“. се вели во соопштението.

Во прилог на образложението, дека основаноста на определениот притвор бил поткрепен со соодветни докази говори и точка 95 од пресудата според која „нема индикации дека оценката направена од домашните судови во овој поглед била произволна или очигледно неразумна“, велат од судот.

 

Поврзани новости