Реакција на Рама: За потсмев и плачење е хистеријата на некои лица во Македонија

by Fokus

Откако неговата шега предизвика бура негативни реакции во јавноста, Рама се огласи на Твитер.

-За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, стои во Твитер објавата на албанскиот премиер Еди Рама.

 

 

Поврзани новости