Откако универзитетски професори од Шумарскиот факултет остро реагираат на сечата на жарданериското зеленило на неколку поголеми потези долж булеварот Александар Македонски, со реакција се јавија и од Јавното претпријатие Паркови и зеленило.
Ја објавуваме реакцијата во целост:
„По повод неодамнешните реакции на деканот на Шумарскиот факултет за активностите на јавното претпријатие Паркови и зеленило на булеварите Гоце Делчев и Александар Македонски сакаме да ја информираме јавноста дека нашите екипи на овие локации работат на уредување на зеленилото согласно Програмата за работа на претпријатието која е одобрена и усвоена од страна на Советотво Градот Скопје.
За тоа постои Налог од Град Скопје за замена на нискостеаблестата вегетација во средишното зеленило којае стара дваесеттина години и е со големо аерооштетување. При увидот е констатирано дека вегетацијата е составена од различни видови кои не се во добра кондиција и покрај сите стручно-технички мерки преземени во тековното одржување.
Исто така истрошен е и површинскиот слој на земјата, што придонесува да се изгуби квалитетниот тревник и почнува да преовладува коровот.
Зеленилото кое е изложено на издувни гасови, аерозагадување и огромни температурни амплитуди, насадено пред 18 години навистина има потреба од обнова. Што конкретно работиме? Според Годишната Програма за работа усвоена од Советот на Град Скопје, каде се потенцира задолжителна реконструкција на булеварите, утврдениот записник од инжинерскиот тим за замена на нискостеблестата вегетација, врз основа наналогот за работа од Град Скопје, нашите екипи не отстранија ниту една здрава садница туку само исушените и деградираните садници кои по ниеден основ не ја задоволуваа својата функција (прилог фотографии).
Со реконструкцијатана зеленилото на булеварот Гоце Делчев, кое минатата година беше обновено сонови висококвалитетни украсни садници на потегот од мостот Гоце Делчев до Мавровка (за што тогаш немаше никаква реакција), комплетно ќе се заокружи новотохортикултурно уредување на средишното зеленило на булеварот Гоце Делчев, како и на булеварот Александар Македонскисо поставување на современ систем за наводнување и зазеленување со уникатни високо естетски садници ќе му даде нов урбан лик на градот, се вели во реакцијата на ЈП Паркови и зеленило –Скопје.