Се уште актуелниот премиер на владата, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера на свечена цермонија на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од КОВИД-19, им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата.
На самата церемонија можат да се видат речиси сите директори, кои управуваа со ковид центрите, но не можат да се забележат преставници на оние инстиуции кои беа задолжени за тестирања за ковид како Институтот за јавно здравје и на Центрите за јавно здравје, потоа оние кои беа задолжени за преку 300.000 решенија за самоизолација како Државниот санитарен и здравствен инспекаторат, како преставници на Комисијата за заразни болести, која одигра клучна улога за донесувањето на мерките во време на пандемијата.
Тука се и дел од епидемиолозите, кои за време на корона кризата одеа од од семејство на семејство и правеа анкети.
„На никој не му е до таа благодарница, но сепак понижувањето е огромно. Не знам, може ќе ни дадат и на нас. Но, искрено не верувам. Па ние се што направивме во оваа ковид пандемија, за толку заслуживме“, објаснува епидемиолог кој сакаше да остане анонимен.
ВРИЕЈА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
До редкацијата на „Фокус“ пристигнаа неколку писма од лекари кои се жалат дека воопшто не ставени на списокот, а цело време работеле во ковид центрите.
Најмногу реакции во јавноста вчера предизвика тоа што на оваа листа не се најде доктор Злате Мехмедовиќ, кој работи во ковид центарот на интерните клиники. Дали тоа што доктор Дејан Докиќ, директор на скопска Пулмологија беше присутен на церемомијата значи дека тој ќе им ги врачи благодарниците на лекарите таму, никој не сакаше да одговори.
На социјалните мрежи вчера вриеше од реакции зошто некои од лекарите или директорите на институциите под капа на министерството за здравство се игнорирани, кога нели сите заеднички ја водеа битката.
„Фокус“ се обрати до директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова и до првиот човек на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети, каде и од двајцата го добивме идентичниот одговор:
„Не, ние не бевме поканети на доделувањето на благодарниците“, одговорија и двајцата.
Како што дознаваме, на сите преставници на институциите им биле доделени медаљи, со оглед на тоа што тие ги раководеле ковид центрите, додека на здравствените работници благодарници.
Исто така, испративме прашања и до ресорното министерство од каде побаравме одговор зошто сите менаџери не се викнати, ги посочивме институциите и по кои критериуми се одлучува кои ќе добијат признанија, но од таму добивме половичен одговор:
„И членовите на Комисијата за заразни болести се на листата на благодарници кои ќе им се доделат на 8500 ангажирани здравствени работници во ковид центрите во Република Северна Македонија.
Благодарниците се доделуваат согласно евиденцијата на Министерството за здравство за ангажман на здравствените работници во ковиd центрите во целата држава, заедно со помошниот персонал кој беше ангажиран“, се наведува во одговорот од министерството за здравство.
И.М.