Јане Ченто, еден од обвинетите во случајот за “27 април” пред малку на јавна седница во Апелациониот суд ја образложи својата жалба со која бара укинување на притворот. Како правник, рече дека чуствувал селективна правда, поради која веќе 11 месеци е во притвор.
Ченто истакна дека притворот му бил одредуван со копирани решенија на судовите, без аргументи. Тој посочи дека неговото решение било копија од друг обвинет, односно пишувало дека има болно бебе , и дека дал гаранција од 600.000 евра, што не е точно.
Ченто не успеа да ја доврши реченицата, бидејќи судиите го ограничуваа неговиот говор, па по кратка расправа, Ченто рече:
-Повеќе од 11 месеци сум во притвор. Не барам куќен притвор или слобода, моите браќа се во Шутка. Знам дека жалбата ќе ми ја одбиете и за тоа сум свесен! Вратете ме во Шутка. Во вакво време чест е да бидете во затвор или убиен, рече Ченто, а додека тој зборуваше неговата мајка не можеше да ги запре солзите.
Неговото барање за укинување на притворот прртходно беше одбиено од Кривичниот совет кој не ја прифати понуденатат гаранција од 530.000 евра. Гаранцијата Ченто ја обезбедил од своите соседи кои се спремни ги заложат своите куќи и да гарантираат за неговата слобода.
В.В.