На денот на изборите на 5 јуни 2011 година тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ било загрижено за исходот на изборите, односно се зачудени зошто толку рано до 13 часот има излезеност до 35%. Исплашени да не ги изгубат изборите се организираат и се активира целата партиска машинерија, односно од општинските кол центри на партијата им вртат на граѓаните и ги потсетуваат дека мора да излезат да гласаат. Ова се слушна од дел од бомбите презентирани во Кривичниот суд за случајот Титаник.
Миле Јанакиески со соговорник од Прилеп се чудат зошто излезеноста е толку голема, па се прашуваат дали нивните излегле толку рано да гласаат, или гласачите на СДСМ.
Соговорникот му вели на Јанакиески дека ќе биде “џа или бу”, но потоа го смирува и ми вели “Вработените организирано ги теравме, ги носевме на гласање”.
Друга соговорничка пак му вели Јанакиески: “Кај нас се е извадено на гласање, уште тука три- четири фамилии да извадиме и готово”.
Загрижениот Јанакиески добива и информации од општинските партиски комитети дека постојано се врти на граѓаните и се потсетуваат дека мора да излезат да гласаат.