Развиен тест за корона навремено открива високоризични пациенти

by Фокус

Научниците развија тест на крвта што може ефикасно да открие пациенти кои имаат голем ризик да добијат потешка форма на Ковид-19.

Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозна форма на Ковид-19, јави Дејли меил.

Притоа, се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои пациенти со коронавирус.

Но, ако вирусот се открие за време на приемот на пациентот во болницата, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување на артритис.

Намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да почине од коронавирус, објаснуваат истражувачите.

Поврзани новости