Разумен сомнеж

by Fokus

OMICRON ANTE PORTES

Да ви кажеше некој пред две години дека вашето слободно движење ќе зависи од дигитален идентитет, тој човек ќе го прогласевте за луд. Иронијата е што и кога тоа ни се случува пред очи, сè уште ги лабелираме тие луѓе како луди

Јанаки МИТРОВСКИ

 

Таман се изрелаксиравме дека ковид 19 ја намалува својата вирулентност, ни се случи дежа ву. Нова варијанта, повирулентен, поопасен од претходните се јави од Јужна Африка. Именуван по петнаесеттата буква во грчката азбука, омикрон варијантата тргна од рогот на Африка и отворено ѝ се заканува на цела Европа. Наводно, се работи за сој петстотини пати позаразен од делта сојот, но и по сите информации и помалку смртоносен.

Речиси две години се занимаваме со корона вирусот и со неговите варијанти, а крајот, воопшто, не е на повидок. Алфа, бета, гама и делта нè одминаа, но, за жал, грчката азбука има дваесет и четири букви, а ние сме на петнаесеттата. Не дека ако ги поминеме сите дваесет и четири нема да преминеме на кирилица или латиница, каде што има некоја буква повеќе.

ПАНДЕМИЈАТА ЌЕ ТРАЕ…

Веќе на сите ни е јасно дека состојбата со ковид 19 нема да трае само во „клучните две недели“, туку во најдобрата варијанта, пандемијата ќе трае до летото 2022 година, или во попесимистичките предвидувања, до крајот на 2022, или, не дај боже, до 2023 година. Нови локдауни очигледно нема да има, бидејќи нашата економија е на работ на колапс и нов локдаун само ќе нè турне надолу по бездната.

Се јави и директорот на Фајзер, компанија која е казнувана со три милијарди долари во кривични предмети, граѓански парници и казни од 2002 наваму, со порака дека уште многу години ќе треба да примаме вакцини против корона.

По моето многу скромно познавање, бидејќи медицинско лице не сум, вирусите слабеат со текот на времето, а не земаат замав. Ова го кажувам со огромна резерва и слободно нека ме демантира секој со повеќе познавање.

Да ви кажеше некој пред две години дека вашето слободно движење ќе зависи од дигитален идентитет, тој човек ќе го прогласевте за луд. Иронијата е што и кога тоа ни се случува пред очи, сè уште ги лабелираме тие луѓе како луди.

КОШМАР ЗА ОБИЧНИОТ ЧОВЕК 

До 2030 година, парите ќе бидат укинати како платежно средство под изговор дека шират корона. Ова е нон сенс, бидејќи ако ковид останува на површината, тогаш може да остане, ама баш секаде и во тие услови ќе треба да се самоизолираме во стаклена градина.

Комбинирајте го ова со суровите правила за движење, наметната сегрегација, полициски час за невакцинирани и ќе добиете ситуација во која државниот апарат има апсолутна контрола на вас. Апсолутната евазија на приватноста ќе значи дека државата ќе има увид во секој ваш чекор, бидејќи ќе плаќате дигитално секаде. Да не ги заборавиме и камерите за „сообраќај“ низ целиот град и тогаш сликата е комплетна.

Следните десет години ќе бидат кошмар за обичниот човек. И не е ова новела, ни се случува пред очи. Сè што е напишано погоре СЕ случува во овој момент додека се караме дали СДСМ ги тепал ВМРО и обратно. Убавите протести што почнаа беа супер посетени, ама се разводнија по случајно или намерно јавување за говорници луѓе, на кои им треба стручна помош.

Поврзани новости