Разумен компромис: Касами ќе се сретне со Рама, ама на само

by fokus

Откако од БЕСА најавија дека тие не прифаќаат да седнат на иста маса со Али Ахмети на средбата со албанскиот премиер Еди Рама, вечерва Мелинда Рашиди од БЕСА на ТВ 24 рече дека тие ја прифатиле поканата, но средбата ќе биде тет-а-тет.

-Рама е пријател на Македонија и сметам дека оваа покана во овој момент е симптоматична и се остава впечаток дека во сегашнава ситуација се крие некоја битка за спас на ДУИ. Нашиот став е дека нема да седнеме на иста маса со ДУИ, но тоа не значи дека средбата нема да се одржи, ќе имаме тет-а-тет средба со Рама, рече Рашиди.

Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба која треба да се одржи утре.

Поканети се лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на  Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

 

Поврзани новости