Разрешениот министер Аднан Ќахил алармира дека час поскоро треба да се реши проблемот со линданот во „Охис“

by fokus

Линданот е многу опасна супстанца која се наоѓа на неколку истражени и неистражени депонии во Скопје, вели во интервју за „Мета“, довчерашниот министер Аднан Ќахил, кој, додека го правевме интервјуто беше министер без ресор, а Собранието вчера го разреши на барање на премиерот Зоран Заев.

Денеска тој не сакаше да го коментира разрешувањето, ниту да предвиди како, каде и дали би бил ангажиран.

Ќахил е дел од работната група на владата за справување на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС од 1984 до 1987 година како главен инженер.

Тој е категоричен дека Владата има сериозна намера да се справи со овој проблем за кој вели дека е голем и бара многу средства, обучени луѓе и соодветна технологија. Неговите процени се дека чистењето би чинело помеѓу 100 и 200 милиони евра и би траело околу три години.

„Линданот е органска супстанца, многу опасна, не случајно е забранета. Долготрајното изложување влијае на сите органи и сигурно ќе доведе до последици. Дефинитивно е канцерогена супстанца. Доброто е што ние сите не се исложуваме долготрајно на таа супстанца, но треба час поскоро да се реши. Органската хемиска индустрија е многу опасна, но ние имаме и денеска опасни работи. Железара испушта манган, имаме депонија со арсен, во РЕК Битола има милиони тони јагленова прашина која има четири пати поголема природна радиоактивност. Исто така никој не ги мери органските загадувачи а ги има многу“, вели Ќахил.

Поврзани новости