642
Џевад Исени, кој денеска беше разрешен од страна на владата од функцијата неизвршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната доверба.
„Секогаш бев, сум и ќе бидам сервис на граѓаните и ќе се борам за правичност, одговорност и законитост во државата. Од низа ситуации во животот човекот учи дека функцијата не може никогаш да те направи нешто што не си бил, тоа го носиш во себе, а тоа се основните клучни работи на една личност – одговорност, лојалност и правичност“, напиша Исени на фејсбук.