Разрешената директорка на Кожната клиника е пуштена на домашно лекување

by Fokus

Екс директорката на Кожната клиника, Нина Цаца Биљановска, која беше заразена со коронавирусот, е меѓу пациентите кои се пуштени на домашно лекување, потврди денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Поранешната директорка на клиниката била на скијање во Италија и веднаш по враќањето тргнала на работа, не почитувајќи ги владините препораки да остане 14 дена во самоизолација. Но, тоа не бил и главниот проблем. Според нејзините колеги, таа ги имала симптомите на Ковид 19 и продолжила да оди на работа, а на нив им се заканувала со откази, ако ја пријават во министерството за здравство.

Биљановска, ден пред да заврши на скопската Клиника за инфективни болести како една од пациентите, носител на корона вирус држела предавање на Симпозиум на 103 лекари во скопскиот ресторан „Рагуза“.

Тоа го вклучи црвениот аларм кај здравствените власти. Кожната клиника експресно беше затворена, а сите оние кои имале контакт со неа завршија во домашна изолација. Во последниве неколку денови, дел од нив се тестирани, а досега само шест се позитивни на корона вирусот.

Поврзани новости