Министерот за здравство Илир Демири денеска го разреши од функцијата актуелниот директор на скопската Клиника за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, за што „Фокус“ пред неколку денови објави дека е зголемена смртноста на клиниката, нарушени се меѓучовечките односи, а атмосферата е постојано тензична.
Според нашите информации, Демири во последен момент ја донел одлуката, со оглед на тоа што претходно за „Фокус“ тврдеше дека нема потреба да го направи тоа со оглед дека си заминува од министерската позиција.
Во четвртокот, извештајот за случувањата на скопска Кардиохирургија е најдоа во рацете на министерот Демири, но тој главно се посвети на мобингот, кој се вршел врз поранешниот директор на Кардиохирургија, доктор Сашко Јовев од страна на Шокаровски.
Министерот на прес-конференцијата ги објасни причините за неговото разрешување.
„170 лица не биле внесени во Мој термин. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот директор Шукаровски. Крајно нарушените меѓучовечки односи е втората причина за ваквата одлука. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам, за наредниот министер.. Таму треба директор да биде експерт од надвор“, рече Демири
Како што објавивме, доктор Јовев беше избркан од работа, но и со одлука на второстепена владина комисија, Шокаровски не го врати, туку беше вратен со декрет од министерот.
Фокус“ дојде до документи од системот Мој термин, кои за неколку месеци ја покажуваат смртноста на скопската Клиника за кардиохирургија.Според документите со кои располагаме, тие се однесуваат на месеците јуни, август и октомври, 2023 година. Исто така, во документите се наведени и податоците на пациентите кои се оперирани во тој период, од што се оперирани, како и колку од нив починале. Дури располагаме и со имињата на починатите пациенти, чиј идентитет нормално нема да го откриваме, за да не правиме дополнителни стресови на семејствата. Но, тоа што е страшно е што само во рок од три месеци од вкупно оперирани 31 пациент починале дури 14 пациенти, што е страшна бројка.
Ирена Мулачка