684
Економскиот директор на ГАК, Ваљон Беља денеска е разрешен од својата функција, дознава „Фокус“.
Тој во своја објава на Фејсбук вчера ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија, за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови.
Притоа тој и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.
Од друга страна, таа најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што истакна, изнесените невистини.