655
Откако денеска се појави информација дека се заклани повеќе од 10 коњи за храна за лавовите во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Арсовска веднаш го разреши в.д. директорот Стаменов.
„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, соопштија од Град Скопје.