389
Мексиканските власти ги разоружаа сите полицајци во градот Акапулко поради сомнеж дека во полицијата се инфилтрирале припадници на локалните наркокартели. Наредено е и апсење на двајца високи полициски команданти од Акапулко поради сомнеж дека учествувале во убиство.
– Постои сомнеж дека во полициските сили дејствуваат криминални групи и дека тоа доведе до целосна неактивност во борбата против криминалот, соопштија мексинските власти.
Како привремена мерка, во пристанишниот град познат по високата стапка на убиства ќе бидат распоредени војници и маринци, кои ќе се грижат за безбедноста. Досегашните полицајци, на кои им е одземено оружјето и опремата, ќе бидат сослушувани и ќе се испитуваат нивните евентуални криминални врски.